Достапни линкови

Артман и покрај потерницата денеска е во Загреб


Поранешниот портпарол на Хашкиот трибунал Флоренс Артман, по која е распишана потерница на Интерпол поради неплаќање на парична казна за која е осудена поради непочитување на судот, ќе допатува денеска во Загреб, каде ќе ја прими наградата на Хрватскиот хелсиншки одбор за животно дело „Петар Мркаљ“.
Артман најпрво не сакала да допатува во Загреб, бидејќи Хашкиот суд во 2009 година ја осуди поради непочитување на судот, откако објави две доверливи одлуки од процесот против Слободан Милошевиќ.
Таа е осудена на казна од седум илјади евра, а бидејќи износот не го платила, Трибуналот издаде налог за нејзино апсење заради издржување седумдневна затворска казна
XS
SM
MD
LG