Достапни линкови

logo-print

Се намалува бројот на Македонци кои бараат азил во Белгија


Архивска фотографија: Депортирани македонски граѓани што барале азил во Германија се враќаат на скопскиот аеродром.

Архивска фотографија: Депортирани македонски граѓани што барале азил во Германија се враќаат на скопскиот аеродром.

Минатиот месец 36 луѓе од Македонија побарале азил во Белгија, што е двојно помалку од септември, информираат од Македонската амбасада во Кралството Белгија. Според министерот за надворешни работи Никола Попоски, намалениот број на азиланти е резултат на работата на македонската Влада која постојано употребува рестриктивни и превентивни мерки за да влијае на состојбата.

Минатата недела белгиските власти објавија одредени промени за барањето азил. Тие предвидуваат ограничување до шест месеци на рокот за изјаснување по барањето за обезбедување статус на бегалец. Воедно повеќе нема да биде толерирано поднесување повеќе од едно барање со што бегалците го продолжуваа престојот во земјата со очекувањето на одлуката на секое од поднесените барања, имигрантите со малолетни деца нема да може да бидат задржувани во центрите за привремено сместување, а доброволното напуштање на земјата на илегалните имигранти нема да биде единствената можност за тие да бидат вратени од Белгија.
XS
SM
MD
LG