Достапни линкови

logo-print

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ напуштија седница на општина Тетово


Совет на општина Тетово.

Совет на општина Тетово.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Тетово денеска ја напушти седницата откако беше отфрлен нивниот предлог Советот да расправа по инцидентот со цртањето графит со картата на Голема Албанија на излезот од Тетово и да ги осуди сите обиди за загрозување на соживотот во Тетово и државата.

Предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ не бил прифатен со 17 гласа против и 8 за. За предлогот гласаа сите советници Македонци присутни на седницата.

Од советничката група на СДСМ рекоа дека го поддржуваат предлогот, но не се за напуштање на седницата зашто сакаат да се дејствува проактивно внатре во Советот.

Претседaтeлот на Советот Ирфан Емини од ДУИ истакна Советот не бил подготвен да расправа ниту бил информиран претходно за ваква точка на дневниот ред.

Советничка група на ДПА не го прифати предлогот бидејќи смета дека за овие проблеми мора пошироко да се дебатира.
XS
SM
MD
LG