Достапни линкови

УНМИК: на северот на Косово нестабилно и напнато


Шефот на УНМИК Фарид Зариф

Шефот на УНМИК Фарид Зариф

Ситуацијата на северот на Косово е нестабилна и напната од средината на октомври, а голем придонес за ваквата состојба има најавеното одржување на избори во Србија во идната пролет, како и политичката ситуација во Приштина, изјави синоќа шефот на УНМИК Фарид Зариф, поднесувајќи го редовниот тримесечен извештај во Советот за безбедност на ОН. Тој изрази загриженост поради ескалацијата на насилството и предупреди дека во северно Косово владее атмосфера на напнатост и страв во која секоја искра може да доведе до насилство. Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај за насилството во северно Косово ги обвини, како што рече „нелегалните српски безбедносни структури“, додека ставовите на Србија ги застапуваше шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ, кој од Советот побара да обезбеди веќе да не се дозволат унилатерални акции на Косово.
XS
SM
MD
LG