Достапни линкови

logo-print

Богов за третина помалку оптимистичен од владата


Гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Народната банка на Македонија за третина помалку оптимистична од владата во однос на економскиот раст за догодина. Според проценките на НБРМ, што денеска ги соопшти гувернерот Димитар Богов, во 2012 година се очекува раст на БДП од три отсто, значително забавување на инфлацијата на околу два процента и задржување на дефицитот во тековната сметка на нивото од оваа година.

Слична проценка за растот во 2012 има и Светската банка. Според нив, македонската економија во 2012 ќе порасне за 2,5 отсто.

Владата, пак, наспроти нив, останува на проекциите за раст на економијата од 4,5 отсто во наредната година.

Според најновите согледувања на Народната банка што на денешната прес-конференција ги соопшти Богов, до крајот на годинава остануваат непроменети проекциите за растот на реалниот БДП од околу 3,5 отсто, инфлацијата ќе забави и се очекува да изнесува 3,9 проценти наспроти претходно предвидените 4,5, а дефицитот во тековната сметка се проценува на 4,8 отсто од БДП.

Ќе нема затегнување на монетарната политика, денарот останува стабилен, а кредитниот раст во 2012 година ќе биде помал од оваа година и ќе изнесува 8 отсто, вели гувернерот.
XS
SM
MD
LG