Достапни линкови

Големи студентски протести во Црна Гора


Архивска фотографија: Студентски протести пред црногорскиот парламент на 3 октомври 2011 година.

Архивска фотографија: Студентски протести пред црногорскиот парламент на 3 октомври 2011 година.

Неколку илјади студенти денеска се собраа пред зградата на Техничкиот факултет во Подгорица на најголемиот студентски протест во Црна Гора во последните 20 години, со барање за подобри услови за студирање. Студентите кои дојдоа од целата земја го блокираа мостот во близина на зградата на црногорскиот парламент. Тие бараат намалување на таксите за студирање, решавање на проблемот со недоволниот капацитет на студентските домови, гарантирана можност за добивање стипендии за студентите со одличен успех и дополнителни испитни рокови.
XS
SM
MD
LG