Достапни линкови

Легард - Русија да не се радува на европската криза


Шефицата на ММФ, Кристин Легард на средба со рускиот претседател Дмитриј Медведев.

Шефицата на ММФ, Кристин Легард на средба со рускиот претседател Дмитриј Медведев.

Шефицата на ММФ, Кристин Легард, ја предупреди Русија да не биде самозадоволна поради буџетската криза во евро-зоната, посочувајќи дека руската економија е се уште ранлива поради домашните слабости. По средбата со рускиот претседател Дмитриј Медведев во Москва, Легард оцени дека Русија е од „преживеаните“, но предупреди дека Москва мора да ја диверзифицира својата економија и да не се потпира толку на извозот на нафта и на гас. Таа предупредува и на зголемените владини трошења во пресрет на парламентарните избори што треба да се одржат годива и претседателските избори закажани за 2012 година.
XS
SM
MD
LG