Достапни линкови

Осуммина загинати во бомбашки напад во Авганистан


Архивска фотографија: Бомбашки напад во Кабул.

Архивска фотографија: Бомбашки напад во Кабул.

Најмалку осум луѓе загинаа, а петнаесетина се ранети во самоубиствен бомбашки напад во близина на една џамија во северен Авганистан, на првиот ден од прославата на големиот муслимански празник Бајрам, соопштуваат тамошните власти. Експлозијата во градот Баглан се случила кога луѓето излегувале од џамијата по завршување на молитвата. Двајца од убиените биле команданти на авганистанската милиција, а останатите се цивили.
До нападот доаѓа два дена откако талибанскиот лидер Мула Омар наводно ги повикал своите борци да избегнуваат цивилни жртви во своите напади.
XS
SM
MD
LG