Достапни линкови

Папандреу - Грција мора да го прифати европскиот план за спас


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу и министерот за финансии Евангелос Венизелос.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу и министерот за финансии Евангелос Венизелос.

Грција мора да го прифати европскиот план за спас, рече грчкиот премиер Јоргос Папандреу пред парламентот, кој одржува седница за доверба на владата. Сепак, тој не кажа јасно дали се повлекува од идејата за одржување референдум за планот за спас, кој предвидува драстични мерки за штедење.

Папандреу е под голем притисок да поднесе оставка. Сепак тој ги отфрли повиците за предвремени избори и рече дека тоа би било „катастрофално“ за Грција и дека предвремените избори ќе ја принудат земјата да излезе од еврозоната.

Претходно, дел од медиумите објавија дека грчкиот премиер се откажал од идејата за спроведување референдум.
XS
SM
MD
LG