Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Украина


Протестите против планираните намалувања на социјалните бенефиции во Киев.

Протестите против планираните намалувања на социјалните бенефиции во Киев.

Околу 2.000 демонстранти се судрија со полицијата пред украинскиот парламент во Киев, на протестите против планираните намалувања на социјалните бенефиции. Еден полицаец се онесвестил од ударите. Ова е втор ваков протест за само неколку дена. Силите за безбедност наводно ја растерале толпата од пред парламентот. Дел од демонстрантите се упатиле кон резиденцијата на претседателот Виктор Јанукович, но биле спречени од полицијата. Во градот Доњецк, пак, околу 1.000 луѓе мирно протестирале. Власта вели дека кратењата се неопходни за да се се намали буџетскиот дефицит.
XS
SM
MD
LG