Достапни линкови

logo-print

Јанукович исвиркан на отварање на стадион


Украинскиот претседател Виктор Јанукович беше исвиркан од граѓните кои присуствуваа на отварањето на новиот стадион на кој ќе се одиграат натпреварите од фудбалскиот шампионат Евро 2012 јавуваат новинските агенции. Стадионот се наоѓа во градот Лавов во западна Украина и се смета дека е центар на опозицијата.
Подготовките за шампионатот се обележани со обвинувања за корупција и одложувања. Главниот проблем на организаторите беше токму изградбата на тој стадион.
Претседателот Јанукович привлече жестока критика од Западот поради пресудата за поранешната премиерка Јулија Тимошенко која е осудена на 7 години казна затвор поради обвинение дека ја злоупотребила службената должност.
XS
SM
MD
LG