Достапни линкови

Состанок за Северно Косово


Претставниците на локалните Срби во Северно Косово денеска се сретнаа со шефовите на мировните мисии КФОР и ЕУЛЕКС. На состанокот присутвуваат и претставници на УНМИК и ОБСЕ. Претходно српските претставници соопштија дека понудиле компромисно решение, односно да им овозможат слободно движење низ премините на КФОР и ЕУЛЕКС само под услов да не превезуваат косовски цариници и полицајци. КФОР на ова одговори дека не се согласува со условувањето на слободното движење. Барикадите на граничните премини во северниот дел на Косово ги поставија Србите пред неколку месеци откако косовските власти пробаа да ја преземат контролата на премините.
XS
SM
MD
LG