Достапни линкови

Северна Кореја и се закани на Јужна Кореја


Северна Кореја денеска предупреди дека може да преземе воена акција против Јужна Кореја поради антикомунистичката пропаганда која планира да ја спроведе политичка група. Државната новинска агенција јавува дека поради ваквата провокација можно е да дојде до воен судир. Станува збор за конзервативна група од Јужна Кореја која планира да испрати летоци покрај границата в понеделник, кога Северна Кореја ќе ја прославува 66-годишнината на владечката Работничката партија.
XS
SM
MD
LG