Достапни линкови

Грузиско- руските преговори за СТО завршија без резултат


Грузискиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Капанаџе изјави за новинската агенција Ројтерс дека преговорите со Русија за влезот на Москва во Светската трговска организација завршија без резултат. Тој додаде дека Грузија не можа да ја даде својата согласност за влез на Русија во СТО се додека Русија не ја смени својата позиција за трговија со Јужна Осетија и Абхазија. Швајцарија е медијатор во разговорите меѓу Тбилиси и Москва кои имаат за цел да отсранат една од последните бариери за влез на Русија во СТО.
XS
SM
MD
LG