Достапни линкови

Американско-руските односи со новиот руски претседател


Белата Куќа очекува да се задржи напредокот постигнат со „ресетирањето“ на односите меѓу САД и Русија без оглед на тоа кој ќе биде следниот руски претседател. Ова денеска го изјави портпаролот на Белата Куќа Том Витор по денешното објавување на кандидатурана на рускиот премиер Владимир Путин за трката за преседателските избори во март. Тој додаде дека одлуката за тоа кој ќе седне на претседателската фотеља треба да зависи од изборот на народот. Тој истакна дека Белата Куќа ќе продолжи да гради добри односи со Русија и со следниот претседател бидејќи тоа им е во заеднички интерес на двете земји.
XS
SM
MD
LG