Достапни линкови

Светските лидери го отворија самитот за палестинското барање


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун денеска повика на нови меѓународни напори за да се пробие како што вели парализираната ситуација на Блискиот Исток.Тој во својот говор пред почетокот на Генералното собрание на светските лидери во Њујорк изјави ситуацијата мора да се реши, Палестинците заслужуваа своја држава а Израел бара безбедност но и двете земји сакат мир. Тој додаде дека само преку преговори ќе може да се изнајде мировно решение за двете страни.
Во меѓувреме денеска е предвидено американскиот претседател Барак Обама во Њујорк да се сретне со палестинкиот престедател Махмуд Абас и со изреалскиот премиер Бенџамин Нетанјаху. САД и Изарел бараат од Палестинците да се откажат од барањето за членството во ОН и рестарт на изралеско– палестинските преговори.
XS
SM
MD
LG