Достапни линкови

Асад ја пофалил Москва за избалансираната позиција кон Сирија


Сирискиот претседател Башар Ал Асад денеска ја пофали Москва за какошто вели, „избалансираната и конструктувна позиција “ кон Сирија во разговорите со руската делегација. Сириската државна новинска агенција САНА ја цитира изјавата на Асад со која тој предупредува против секоја надворешна интервенција која се заканува да ја подели државата. Овие забелешки Асад ги истакнал на средбите со руските пратеници во Дамаск кои дојдоа во мисија да иницираат мировни разговори. Потпретседателот на Горниот Дом на рускиот парламент Илијас Оумаканов изјавил дека „Русија е подготвена да помогне со внатрешен политички дијалог кој треба да се одржува во мирна атмосфера без жртви.“
XS
SM
MD
LG