Достапни линкови

logo-print

Дебата меѓу Владата и медиумите


Тркалезна маса на тема Предизвиците и перспективите на македонскиот медиумски сектор.

Тркалезна маса на тема Предизвиците и перспективите на македонскиот медиумски сектор.

Формирање работна група на претставници од Владата и ЗНМ на која ќе се разговара за медиумите - заклучок од денешната дебата за медиумските предизвици.

Да се формира работна група составена од претставници на Владата и Здружението на новинари која ќе разговара за прашањата поврзани со медиумите, новинарите и уредниците максимално да ги почитуваат професионалните стандарди и етика, да се почитува слободата на изразувањето во атмосфера ослободена од лични навреди, а во иднина Здружението на новинари и други невладини организации да бидат вклучени во донесувањето на законите кои се однесуваат на медиумите. Ова се дел од предлог заклучоците од денешната дебата посветена на предизвиците и перспективите на македонскиот медиумски простор.
Не е време кога треба да се бараат виновници, не треба да робуваме на минатото, туку на иднината, минатото не можеме да го смениме, туку од грешките да извлечеме поуки и да не ги повторуваме во иднина

Првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани изрази задоволство од започнувањето на дијалогот меѓу Владата и медиумите.

„Не е време кога треба да се бараат виновници, не треба да робуваме на минатото, туку на иднината, минатото не можеме да го смениме, туку од грешките да извлечеме поуки и да не ги повторуваме во иднина.“

И Амбасадорот на Соединетите Држави во земјава, Пол Волерс го поздрави денешниот настан.
x

„Вакви настани како денешниот можат само да го зголемат дијалогот меѓу Владата и медиумите и едвај чекам да го видам ефектот од овој вид конференции. Па, ќе видиме“, изјави кусо Волерс.

Поддршка за започнатата дебата меѓу Владата и медиумите, изрази и шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Ралф Брет. Рече дека тркалезната маса ќе создаде платформа за оддржлива дискусија за прашањата со медиумите и ќе биде место од каде ќе произлегуваат нови решенија и идеи.

„Концептот на слободни медиуми нуди можност да се кажат или слушнат мислења и тогаш кога тие се поразлични од оние на властите. Слободата на изразувањето е едн од основните човекови права и се смета за основа на сите слободни демократии“, рече Брет.
Секогаш треба и мора да најдеме сила, низ дијалог, низ разговор, низ вакви дебати да наоѓаме решение за недоразбирањата.

На дебатата присуствуваа и владини претставници. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ја бранеше владината политика кон медиумите. Уверуваше дека Владата медиумите ги гледа како партнер, а не како непријател. И дека двете страни се упатени на меѓусебна соработка во интерес на граѓаните и јавноста.

„Секогаш треба и мора да најдеме сила, низ дијалог, низ разговор, низ вакви дебати да наоѓаме решение за недоразбирањата.“

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, пак, повика на интензивирање на ваквите средби. Подготвена сум да слушам критичко мислење. Одговорните владини претсавници се соочуваат со критичките пораки и тогаш кога тие не им се допаѓаат, рече Арифи.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG