Достапни линкови

Волерс - Го поддржуваме секое решение за името


Американскиот амбасадор Пол Волерс му ги предаде акредитивните писма на претседателот Ѓорге Иванов
Американскиот амбасадор Пол Волерс му ги предаде акредитивните писма на претседателот Ѓорге Иванов

Го поддржуваме секое решение кое ќе го одберете со Грција, изјави новоименуваниот американски амбасадор во Македонија, Пол Волерс.

Нашата позиција за името не е променета. Го поддржуваме секое решение кое ќе го одберете со Грција, изјави во својата прва изјава за македонските новинари, новоименуваниот американски амбасадор во земјава, Пол Волерс.

„Спорот за името не е прашање кое ние треба да го решиме, ние можеме да ја понудиме само нашата помош, но нашиот став е ист како и секогаш“. додаде Волерс.
Спорот за името не е прашање кое ние треба да го решиме, ние можеме да ја понудиме само нашата помош, но нашиот став е ист како и секогаш.
Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.
Тој накратко се осврна и на демократските процеси во земјава и на прашањето дали тие се уназадени, рече дека не забележува такво нешто, но ги наброи постоечките, а рече и дека има нови проблеми кои бараат решавање во претстојниот период.
Спорот за името не е прашање кое ние треба да го решиме, рече амбасадорот Волерс

„Владеење на правото, независно судство, независни медиуми, коишто се битни фактори во сите демократии и Македонија мора да ги реши како и сите други земји. Во вашиот случај тие очигледно се барања за членство во НАТО и во ЕУ.“

Ова се проблемите за кои рече дека треба да ги решава Владата и македонскиот народ, а дека САД се секогаш тука како и до сега да ги понудат своите совети и секоја помош којашто македонската Влада ќе ја побара во оваа насока.

Пол Волерс денеска му ги предаде акредитивните писма на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со најава и надеж, како што рече, дека ќе престојува во Македонија со цел да ги продлабочи и натаму македонско-американските односи. САД ги нарече најголемиот пријател на Македонија. Волерс функцијата ја презеде од досегашниот амбасадор на САД во земјава, Филип Рикер.
XS
SM
MD
LG