Достапни линкови

Клучните сведоци во судењето на Мубарак ги нема


 Граѓани пред Судот на видеобим го следат судењето на Мубарак

Граѓани пред Судот на видеобим го следат судењето на Мубарак

Еден од клучните сведоци во судскиот процес на поранешниот египетски владетел Хосни Мубарак денеска не се појави во Судот.Поранешниот министер за одбрана Мухамед Хусеин Тантави кој во режимот на Мубарак поминал 20 години а сега е шеф на воениот Совет по смената на лидерот во фебруари, требаше денеска да сведочи за улогата на претседателот во задушувањето на востанието и убиствата на демонстрантите. Сведочењето на Танатви требаше да се оддржи зад затворни врати, но на тоа се бунат египетските реформисти кои бараат целиот процес да биде транспарентен.
XS
SM
MD
LG