Достапни линкови

Напади на либијските сили врз двете упоришта на Гадафи


Силите на либијската преодна влада покренале напади врз последните две упоришта на лојалистите на Моамер Гадафи. Синоќа бил нападнат Бани Валид, на 150 километри југоисточно од Триполи и покрај тоа што преодната влада имаше прогласено прекин на огнот до денеска. Борби имало и во околината на Сирте, родениот град на Гадафи за кого се уште не се знае каде се крие. Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама и официјално ги прими дипломатските акредитиви на претставникот на Националната преодна влада во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG