Достапни линкови

Авганистан- да не се користат турбаните за скривање на бомби


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи побара од верските старешини да го искористат своето влијание да ги убедат исламистичките бунтовници да не ги користат своите турбани како место за скривање на бомби. Повикот на Карзаи е обид да се стави крај на новата тактика на самоубиствени напади. Во два одделни бомбашки напади минатиото месец, напаѓачите ги криеле бомбите во своите турбани. Во таков напад загинаа градоначалникот на Кандахар и висок свештеник во градот. Талибанците негираат дека користат турбани да ги сокријат бомбите.
XS
SM
MD
LG