Достапни линкови

logo-print

Британската банка ХСБЦ ќе крати 30 илјади работни места


Британската банка ХСБЦ една од водечките во Европа, најави дека до 2013-та ќе отпушти 30 илјади работници, за да заштеди. Ќе се отпуштаат работници од експозитурите во светот. Бројката преставува 10 проценти од вкупниот број на вработени.
Први на удар за отпуштање ќе бидат вработените во Европа и Америка. А поради заработката на банката во Азија и во Латинска Америка банката ќе се насочи кон тој пазар.
Британскиот синдикат го осуди кратењето на работни места.
XS
SM
MD
LG