Достапни линкови

Бродска несреќа во Филипини, спасени 168 луѓе


Најмалку 168 луѓе биле спасени, откако почнал да тоне бродот со кој се превезувале. Патничкиот борд пловел во централниот филипински регион. Одеднаш почнал да се навалува на десната страна, но властите се уште не ја знаат причината за тоа. Капетанот повикал помош, по што патниците почнале да го напушатаат. На помош им дошле рибарски бродчиња и два патнички бродови и спасиле 168 патници и членови на екипажот. Бродот можел да превезува 550 луѓе. Засега не се знае колку луѓе биле на бродот во моментот на несреќата.
XS
SM
MD
LG