Достапни линкови

А1 престана да емитува програма


Телевизија А1 престана да емитува програма согласно законот за вршење на радиодифузна дејност. Во соопштението на Агенцијата за електронски комуникации се наведува дека директорот на Агенцијата вчера донел решени со кое престануваат да важат одобренијата за користење на радиофреквенции во радиодифузна дејност издадени од Агенцијата за електронски комуникации на корисникот “Трговско радиодифузно друштво А1 ТЕЛЕВИЗИЈА Дооел Скопје – во стечај“.
По доставувањето на Решението со кое одобренијата за користење на радиофреквенции престануваат да важат, на ден 30.07.2011 “Трговско радиодифузното друштво А1 Телевизија Дооел Скопје – во стечај” согласно законот го прекина емитирањето на програмата во етер.
Ваквиот чекор уследи откако на 26-ти овој месец основниот суд Скопје 2 Скопје отвори стечајна постапка за телевизијата, поради неможноста да се наплати заостанатиот долг.
XS
SM
MD
LG