Достапни линкови

Медведев ги осуди нападите во Норвешка


Напад на владината зграда во Осло

Напад на владината зграда во Осло

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска ги осуди нападите во Норвешка, во кои загинаа најмалку 91 човек. Медведев во пораката со сочуство до норвешниот премиер Јенс Столтенберг, вели: „Ние ги осудуваме овие монструозни злосторства, за кои не може да има оправдување."
Најмалку 84 луѓе загинаа во летен камп организиран од страна на владејачката Лабуристичка партија, кога вооружен човек отворил оган врз нив. Претходно седум луѓе беа убиени во бомбашки напад во владината зграда во Осло.
XS
SM
MD
LG