Достапни линкови

Амнестија за Хашките случаи?


Законодавно-правната комисија го изгласа автентичното толкување на Законот за амнестија со кое се дозволува амнестија за спорните Хашки случаи.

Законодавно-правната комисија го изгласа автентичното толкување на Законот за амнестија со кое се дозволува амнестија за спорните Хашки случаи.

Наместо решение на суд, четирите хашки случаи амнестирани со политички пазарања? Остра реакција од опозицијата, но и од семејствата на жртвите во конфликтот.

Автентичното толкување на законот за амнестија кое пред неколку дена помина во законодавно-правната комисија ги подели македонските пратеници. Пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не дебатираа, туку само го поддржаа толкувањето на законот. Опозицијата пак, остро реагира на донесувањето на ова автентично толкување, кое пак дозволува амнестија и на спорните Хашки случаи од воениот конфликт во 2001 година. Донесувањето на толкувањето ќе значи дека за случаите
Приемиерот, најголемиот патриот, на прашање од новинарите: „што со Хашките случаи?“, јасно даде порака дека тој нема намера да се меша во надлежностите на судската власт. Што е она што го променило неговиот став и дали сега веќе во Македонија нема никаква власт освен една власт.

Водството на ОНА, Непроштено, Мавровски работници и Липковска брана, кои се вратени во земјава, запира истражната и судска постапка.

„Приемиерот, најголемиот патриот, на прашање од новинарите: „што со Хашките случаи?“, јасно даде порака дека тој нема намера да се меша во надлежностите на судската власт. Што е она што го променило неговиот став и дали сега веќе во Македонија нема никаква власт освен една власт“, рече Цветанка Иванова од СДСМ.

И Нова социјалдемократска партија не го прифаќа автентичното толкување на законот за амнестија. Соња Мираковска од оваа партија вели дека четирите Хашки случаи треба да ги решат македонските судови, а не да подлежат на политички пазарења кои ги повредуваат основните човекови права.

Ќе испадне ли Тарчуловски единствен кабаетлија од конфликтот во 2001 година?

„Ќе ги повредиме чувствата на сите Македонци ако практично тоа се случи. Во тој случај знаете ли кој ќе биде единствениот злосторник во Македонија? Само Јохан Тарчуловски кој моментално е во Хаг.“

Експертите објаснуваат дека автентичното толкување на одреден закон е составен дел од него и истиот е задолжителен.

„Кога одредена одредба од законот или законските решенија не се доволни јасни, не се доволни прецизни, имаат одредени недоречености,
Ќе ги повредиме чувствата на сите Македонци ако практично тоа се случи. Во тој случај знаете ли кој ќе биде единствениот злосторник во Македонија? Само Јохан Тарчуловски кој моментално е во Хаг.
тогаш имаат право да покренуваат постапка пред Парламентот за да се даде автентично толкување“, објаснува професорот Осман Кадриу.

Во меѓувреме, со реакција се јавија и семејствата на жртвите во конфликтот. Во денешниот број на Дневник, тие се заканија дека доколку Собранието го изгласа автентичното толкување на законот за амнестија, односно го изгласа предлогот на Демократската унија за интеграции, ќе влезат сосила во Владата и Собранието. Од Надеж, здружението за разрешување на случаите со исчезнатите во конфликот, бараат средба со премиерот Никола Груевски за лично да им го соопшти тоа, оти како што тврдат, на последната средба минатата година, тој им ветил дека амнестија за Хашките случаи нема да има.

Законот за амнестија се применува од 8 март 2002 година. Со него се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казна затвор, лицата за кои постои сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година. Јавниот обвинител не може да поднесе жалба против решението со кое лицето е амнестирано.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG