Достапни линкови

Меѓуетнички недоразбирања?


Собранието брза да ги донесе законите од „коалицискиот“ договор?

Собранието брза да ги донесе законите од „коалицискиот“ договор?

Носењето на законите за албанскиот јазик и знамиња по скратена постапка може да доведе до меѓуетнички недоразбирања, сметаат дел од експертите.

Дел од експертите сметаат дека носењето на законите за употребата на албанскиот јазик и за знамиња по скратена постапка може да го доведе во прашање квалитетот на идните односи меѓу заедниците во земјава.
Донесувањето на ваков закон од толку суштинска материја која создава основи за конфликт, по скратена постапка, значи само отварање на простор за идни конфликти и недоразбирања меѓу заедниците.

Професор Мирјана Најчевска ја нагласува потребата од одржување расправа во парламентот. Таа коментира дека закони во скратена постапка може да се носат само во многу ретки ислучителни ситуации и истакнува дека демократијата подразбира што е можно поголема партиципација на сите заинтересирани и на oние кои може да придонесат во донесување и изработката на законите:

„Донесувањето на ваков закон од толку суштинска материја која создава основи за конфликт, по скратена постапка, значи само отворање на простор за идни конфликти и недоразбирања меѓу заедниците.“

Мирјана Најчевска.

На расправата во Собранието што почна минатата недела додека истекуваше рокот за објавување на новиот владин кабинет, опозицијата најголеми забелешки имаше за тоа дека договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е противуставен. Власта, пак, со законско решение за јазикот образложуваше дека сака да овозможи пологична комуникација меѓу министрите и пратениците Албанци на седницата за пратенички прашања.
Ќе бидат функционални и сигурно ќе придонесуваат и за подобрување на меѓуетничките
односи.

Професор Назми Малиќи вели дека и опозицијата може да најде место да допринесе за квалитетот на овие закони преку комисиите и дебатите во парламентот. Се отвора можноста преку амандмани да интервенираат и да го подобрат текстот доколку сметаат дека нешто не е во ред, вели Малиќи. Тој не се согласува со Најчевска дека ова отвора простор за идни недоразбирања меѓу заедниците:

Професор Назми Малиќи смета дека законите може да бидат функционални.

„Тоа се договорени закони во договорот кој што е направен за составувањето на влада, не се закони што пратениците треба да повеќе да ги обработуваат или пак им требаат повеќе сознанија, туку тоа се закони кои веќе ги имале на дневен ред со години. Ќе бидат функционални и сигурно ќе придонесуваат и за подобрување на меѓуетничките односи.“

Двата закони кои се најдоа во Собранието се дел од коaлицискиот договор, кои во собраниска процедура ги достaвила парламентaрнатa група на ДУИ. Третото барање на ДУИ се однесуваше на хашките предмети. Договорено е решавање на хашките случаи според Законот за амнестија. За ова нема дебата и тоа е веќе затворено прашање. Пратениците може да бараат толкување од службите околу решенијата.

Сегашната ситуација во Парламентот, за некои пратеници потсетува на онаа пред две години кога се случи бојкот на Собранието од СДСМ. По ова опозицијата имаше остри критики поради носењето огромен број закони во што учествуваше само парламентарното мнозинство, што не претставува одраз на политички дијалог.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG