Достапни линкови

logo-print

И Охрид со нови споменици


Споменикот на Свети Наум Охридски чудотворец

Споменикот на Свети Наум Охридски чудотворец

Поставувањето на новиот споменик на Свети Наум Охридски генерално им се допаѓа на охриѓани, но имаат забелешки за најавите за поставување на нови споменици.

Поставувањето на новиот споменик на Свети Наум Охридски чудоворец во центарот на Охрид, во паркот до плоштадот близу до споменици на Свети Климент, патронот на градот и славните просветителски браќа Кирил и Методиј, кој со книга во рацете е свртен кон неговиот манастир од 10-тиот век на другиот крај од езерото, го заокружи одамна најавуваниот духовен триаголник во Охрид. Бронзениот околу 6,5 метри висок со постамент споменик, изграден за 160 илјади евра средства од државата, со одлука на општината, им се допаѓа на граѓаните, чии забелешки главно се однесуваат на најавите дека ќе се градат уште споменици во центарот на Охрид.

„Ова претставува комплетирање на спомениците на нашите словенски просветители, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент, чие значење е огромно во нашата литература и воопшто, чиј скулптор е познат професионалец, кого многу го ценам. Но, имам една забелешка, и двата споменици на Свети Климент и Свети Наум исцелителот, треба да бидат подобро осветлени. Мислам дека најавувањето на поставување на нови споменици на нивните ученици, ќе го блокира итака не толку големиот простор на брегот од езерото, ќе се намали значењето на веќе поставените
Ми се допаѓа новопоставениот споменик на Свети Наум во Охрид, но не ми се допаѓа што се дислоцираа старите споменици на блискиот простор. Гледано во еден поширок временски дискурс тоа укажува на нашето непочитување на традицијата.

споменици, а просторот ќе заличи на пренатупраниот и многу критикуван проект Скопје 2014.“

„Да, ми се допаѓа новопоставениот споменик на Свети Наум во Охрид, но не ми се допаѓа што се дислоцираа старите споменици на блискиот простор. Гледано во еден поширок временски дискурс тоа укажува на нашето непочитување на традицијата. По таа логика може да се случи и овој споменик за 70-тина години да се дислоцира. За пример, во развиениот свет и една слаткарница опостојува со генерации. И уште нешто на оваа тема, со секоја почит кон историјата, но ние некако само тоа го потенцираме во последниве години. Целиот град Охрид е историја, затоа не мора како во сликовница да се поставуваат само историски нови и нови споменици. Каде е нашето време во кое живееме, размислува ли некој да постави еден ден нешто модерно? А што е со постмодерната?“, велат охриѓани.

„Во продолжение од споменикот на Светите Кирил и Методиј на кејот кон Билјанините Извори, има стара идеа да се подигнат уште три споменици, пониски, на тројца големодостојници на можеби најголемото Македонско средновековно духовно богатство, а тоа се седумчеслениците, со споменици на Свети Ангелариј, Свети Сава и Тимотеј“, вели академик Томе Серафимовски, автор на трите скулптури во центарот на Охрид.

„Сигурно дека тука многу брзо треба да дојде и споменик за Григор Прличев, на Живко Чинго и на други познати охриѓани кои го прославија Охрид во Европа и пошироко“, вели охридскиот градоначалник Александар Петрески.

Тој одамна ја иницира идеата за поставување на споменик на македонскиот револуционер Христо Узунов во Охрид, што се покрена и во Скопје. Останува времето да покаже како ќе изгледа Охрид следниве години.
XS
SM
MD
LG