Достапни линкови

Текстот со наслов „Скапи споменици, евтини приказни“ предизвика цела полемика и дебата на нашата веб страница.

Како поактуелно во изминатата недела, а и во оваа што доаѓа е, секако, формирањето на новата влада што поминува со зачудувачка индиферентност на јавноста и на медиумите.

Нашата саботна анализа со наслов „Раштимани или Обединети“, предизвикала само еден коментар и тоа од нашиот редовен Горан од Скопје, кој и' забележува на ДУИ дека треба да биде повнимателна кон чувствата на Македонците, а не, како што пишува, да мисли само на своите етнички интереси по која и да е цена, па и со уцени. Горан ги прашува членовите на ДУИ дали знаат дека во Македонија се' уште има лица дојдени од поранешните југословенски кризни региони за кои државата и по 20 години нема ништо направено, иако тоа им го вети и за што постои писмен документ потпишан од претседателот на државата.

Нашиот текст со наслов „Скапи споменици, евтини приказни“ развил цела полемика и дебата на нашата интернет страница, и тоа главно одговори и коментари на пораката потпишана од Мула Насрудин од Скопје, кој, како прво му забележува на нашиот новинар за овој текст, како и за другите нарекувајќи ги дефетистички, потоа, смета дека во цел свет гинеле работници на градилишта, дека буџетот на државата никогаш не бил поголем затоа што даноците подобро се наплатувале, дека насекаде по светот имало споменици и дека оние што, според Мула никогаш не излегле од сопствениот атар и не виделе како изгледале светските градови, треселе небулози.

Еве само неколку одговори што слушателите на Радио Слободна Европа на македонски јазик му ги испраќаат на Мула Нусредин: Харије од Скопје прашува дали во земјава има човек со душа кој ќе го брани народецов од забегани умови кои се расфрлаат со народни пари за умрени, а не се грижат за живите; Љупчо пишува дека не вреди ни да се коментираат небулозите што ни се случуваат во државата во која владее тотално недемократска атмосфера на популизам што го поддржуваат само партиските платеници; слушател од Охрид на Мула му порачува дека е типичен партиски војник на ВМРО-ДПМНЕ која решила да ги жигосува сите независни луѓе кои не мислат како неа и дека ги згаснала сите медиум кои не пеат во нејзина слава; слушател исто така од Охрид до Мула испраќа порака дека е ,,цар, како Гебелс,, - пишува. Ти ги етикетираш, а им велиш дека те етикетирале….Мики Велики пишува дека на вмровските јунгени, како Мула, Гебелс може вода да им носи.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG