Достапни линкови

Селото Слоештица, каде што е роден и погребан големиот македонски писател Петре М. Андреевски станува уметничка престолнина на Македонија.

Додека повеќето демирхисарски села изумираат, Слоештица станува уметничка престолнина на Македонија. Благодарение на тоа што тука бил роден и погребан големиот македонски писател Петре М. Андреевски, селото заживеа преку развојот на културниот туризам. Секое лето го посетуваат уметници од целиот свет. Почитувачи на делото на
Почнуваме со беседа на гробот на Петре. Лани ја држеа Ренџов, па Рафикот, а годинава го очекуваме Венко Андоновски. Прилепскиот театар со „Крпен живот“ беше, годинава треба да дојде Зоран Маџиров.

романсиерот, кои водат потекло од тука, како што се драматургот Јордан Плевнеш и режисерот Владо Цветановски пет години со ред секое лето организираат манифестација славење на Пирејот.

„Почнуваме со беседа на гробот на Петре. Лани ја држеа Ренџов, па Рафикот, а годинава го очекуваме Венко Андоновски. Прилепскиот театар со „Крпен живот“ беше, годинава треба да дојде Зоран Маџиров“, вели режисерот Цветановски.

Деновиве по шести пат се одржа и ликовна колонија „Арт Поинт Гумно“ во организација на синот на Петре, Сергеј Андреевски, познат ликовен уметник.

„Ова е моја шеста посета на Македонија, за која веќе велам дека е мој втор дом. Уметниците кои го имале задоволството да го посетата овој македонски рај велат дека она што за Ван Гог бил Арл, за Гоген далечните егзотични острови, за нив е Слоештица“, вели Памела Тул, уметник од Северна Каролина, САД.
Ова е моја шеста посета на Македонија, за која веќе велам дека е мој втор дом. Уметниците кои го имале задоволството да го посетата овој македонски рај велат дека она што за Ван Гог бил Арл, за Гоген далечните егзотични острови, за нив е Слоештица.

Селото се прослави преку колонијата, а уметници од Америка тука купиле и куќи.

„За неа доаѓаат сликари, вајари, поети, фотографи од целиот свет. Престојуваат во селото од три недели до еден месец. Секоја година доаѓаат од разни страни. Лани беше еден бразилски сликар и направи своја изложба, а Мексиканка на Пржница направи ритуал за раѓање на житото. Многу од луѓето кои доаѓаат на колонијата пишуваат за Македонија. Многу познат фотограф Ерол Рос објави на две страни во најчитаните весници во Америка фото репортажа за Слоештица“, додава Цветановски.

Во селото може да се посети и куќата на Петре М. Андреевски, а за скоро време се очекува да се направи и туристичка патека која ќе минува крај куќите чии жители биле јунаци во литературните дела на писателот. Се ревитализа и етнографското обележје на селото - валавиците.

„Имало 16 валавици, тие пропаднаа, но сега го купи некој местото. Најверојатно сакаат да отворат кафеана и место за преноќување. Инаку имавме проблеми кога ќе ни дојдеа гости немаа каде да преспијат“, вели Цветановски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG