Достапни линкови

Обама ги продолжи вонредните мерки за Македонија и Западен Балкан


Барак Обама

Барак Обама

Претседателот на САД Барак Обама ја продолжи состојбата на вонредни мерки за уште една година за Западен Балкан.
Во соопштението на Белата Куќа се вели дека актот е донесен поради заканите врз националната безбедност и надворешно политичките интереси на САД.
Тие закани доаѓаат од лица вклучени во помагање и подршка на екстремно насилство во Република Македонија како и на Балканот и ја опструираат примената на Охридскиот Мировен договор, на Дејтонскиот договор во Босна и Резолуцијата 1244 на Косово.
Поради акциите на тие лица кои се закана за мирот и меѓународните напори за стабилизрање на состојбите на Балканот, американскиот Претседател Барак Обама ја продолжи состојбата на вонредни мерки донесени на 26 јуни 2001 година.
XS
SM
MD
LG