Достапни линкови

Дневен печат


Печат, весници, магазини...

Печат, весници, магазини...

„Младите им пишаа на институциите“, „Мисли ли некој на оставки“, „Кој ќе ја контролира внатрешната контрола“ - дел од насловите во дневните печатени медиуми.

Кучињата си лаат, карванот си врви - се чини дека на тоа ќе се сведат десетдневните мирни протести на илјадници млади од Скопје и од цела Македонија предизвикани од убиството на младиот Мартин на плоштадот во Скопје од страна на полициски специјалци и од молчењето и обидот на МВР да ја затаи одговорноста на сите инволвирани во случајот.

„Младите им пишаа на институциите“, насловува Нова Македонија, информирајќи за барањата напишани во писмо до Гордана Јанкулоска.
Кој да не' чува од чуварите на редот.


„Кој да не' чува од чуварите на редот“, „Мисли ли некој на оставки“ - прашува на насловната Утрински, кој, како и другите печатени медиуми, секојдневно ги следи настаните околу овој случај.

Дневник, исто така прашува, „Кој ќе ја контролира внатрешната контрола“, додека Вечер, кој речиси ги игнорира протестите на младите низ улиците на главниот град, во четвртокот го објавува апелот од МВР и од полицискиот синдикат: „Постапката на поединец да не се користи за дискредитација на сите полициски службеници“.

Сите весници и релевантни телевизиски куќи, со исклучок на Вечер и Сител ТВ, се занимаваат и со проблемот на контролата на социјалните интернет мрежи од страна на МВР, преку кои младите се информираат
Постапката на поединец да не се користи за дискредитација на сите полициски
службеници.
и организираат за протестите, јавувајќи за револтот на младите граѓани поради тоа.

Втора топ-тема во медиумите: „Александар дојава на коњ на плоштадот Македонија“ - како што објави во наслов Утрински. „Споменикот ќе ги урне надежите за решавање на спорот“, пишува Време „Воинот на коњ нова муниција за Атина“ - насловува Утрински. „Александар јава надвор од привремената спогодба“ - насловува Дневник.


Трета тема: преговорите меѓу старо-новите владини партнери за новата влада: „Почнуваат пазарењата за поделба на владиниот колач“ - пишува Дневник, кој веќе објави и фотографии на играчите од двете страни кои се претенденти за министерските функции. Дневник, од свои извори, дознава дека преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ го предводи досегашниот прв човек на Државната безбедност, Сашо Мијалков.

Време јавува дека ДУИ инсистирал на една функција во безбедносните органи и дека и Генералштабот влегува во игра за меѓупартиските апетити.
Почнуваат пазарењата за поделба на владиниот
колач.


Вечер пишува дека растат апетитите пред формирањето на новата влада, главно ставајќи акцент врз барањата на ДУИ во поделбата на владините места, а ги обвинува и медиумите на Рамковски, како што пишува, генерализирајќи во наслов дека „Македонските медиуми го поттикнуваат Ахмети да бара и да добие федерална држава“.

И на крај, за веста која помина некако срамежливо во домашните медиуми: „Висок американски функционер во посета на регионот - Филип Гордон го заобиколува Скопје“ - напиша Дневник во наслов и дека од американската амбасада во Скопје, недоаѓањето на Гордон во земјава го коментираат накусо дека „тукушто завршија изборите и САД очекуваат можности за ангажирање со новата влада“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG