Достапни линкови

Се поизвесна е повторна владина коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но овој пат со посилна позиција на албанскиот фактор, велат експертите.

Иако, официјално се уште не е потврдена коалицијата меѓу победничките партии во македонскиот и албанскиот политички блок, упатените проценуваат дека е извесна коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Аналитичарите сметаат дека доколку дојде до таа коалиција, позицијата на албанскиот фактор сега би била посилна.
Од Демократската унија за интеграција, која освои најголем број гласови од албанските партии, велат дека е се уште рано да коментираат за барањата во идната влада. Ја чекале законската процедура и конституирањето на парламентот, кој пак треба да ја изгласа идната влада.
Земање на министерски места коишто се позначајни како што се министерството за внатреши работи, за надворешни работи или пак претседател на Собранието.

Политикологот Џељал Незири оценува дека изборните резултати и катастрофалниот исход за помалите македонски партии, ја прави коалицијата „За подобра Македонија“ зависна од албанскиот политички фактор. И токму затоа јакне позицијата на ДУИ. Веројатно е дека за почеток албанскиот партнер би барал повеќе министерски места во идната влада, посочува Незири.

„Земање на министерски места кои што се позначајни како што се Министерството за внатреши работи, за надворешни работи или пак претседател на Собранието.“

ДУИ би имала зајакната позиција во владината коалиција, сметаат експертите

Според Незири, очекувано е ДУИ да има поголеми барања во делот на решавање на прашањето за името и евроатланската интеграција. Ваквата форма на „политичка уцена“, како што ја нарекуваат експертите, треба да биде апсолвирана во рамките на политичките преговори и договори при формирањето на новата влада.

Дека позицијата на албанскиот партнер во идната владина коалиција ќе биде повлијателна, се согласува и универзитетскиот професор Владо Поповски. Можно е и реално ДУИ да бара поклучни министерски ресори, но повеќе од се е дека ќе ја продолжат својата конструктивна улога околу проблемот за името, вели Поповски:
Нејзиното учество во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ до изборите исто така покажа една инзвонредна конструктивност. Јас исто така не очекувам некаков радикализам на таа основа.

„Таа партија и досега мошне коректно, дури и зрело се однесувала по прашањето за името, истакнувала дека сака и смета дека треба да биде еден од учесниците во тоа прашање со конструктивна улога.“

Сомнежите дека идните барања на албанскиот фактор би можеле да ја доведат во прашање стабилноста на идната владина коалицијата. Поповски ги демантира.

„Нејзиното учество во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ до изборите исто така покажа една инзвонредна конструктивност. Јас исто така не очекувам некаков радикализам на таа основа.“

Сепак, повеќето експерти не очекуваат суштинска промена во настапот на албанскиот политички фактор во идната влада. Посуштински и порадикални барања на Албанците за нивните права, веројатно ќе беа возможни, доколку на овие избори победеше опозицијата, а за свој партнер ја избереше албанската опозиција, заклучуваат нашите соговорници.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG