Достапни линкови

Путин ќе присуствува на погребот на лидерот на Абхазија


Починатиот лидер на Абхазија со рускиот премиер Путин

Починатиот лидер на Абхазија со рускиот премиер Путин

Рускиот премиер Владимир Путин пристигна во посета на Абхазија да присуствува на погребот на абхазискиот лидер Сергеј Багапш. За време на посетата Путин ќе се сретне и со вршителот на должност претседател на отцепениот Грузиски регион Александар Анкваб и со премиерот Сергеј Шамба. Багапш кој беше лидер на Абхазија од 2005-та, почина на 29 мај во болница во Москва. Русија ги призна Абхазија и Јужна Осетија како независни земји веднаш штом се отцепија од Грузија во август 2008-та.
XS
SM
MD
LG