Достапни линкови

„Цивил“-предизборието релативно мирно


Денот на изборите да помине мирно

Денот на изборите да помине мирно

Состојбата во предизборниот процес е релативно мирна, констатираат од невладината организација „Цивил“. Во рамките на нивниот проект „ Избори без насилство“, тие набљудуваат 23 општини, од кои секојдневно добиваат извештаи. Досега не биле констатирани посебни инциденти кои вклучуваат насилство или вооружено насилство, но затоа пак имало пукање со оружје на митинзи, дури и од автобуси во движење.
Од невладината организација апелираа до политичките партии да прекинат со каков било вид притисоци, закани и физички контакти со активисти на други партии. Набљудувачите на Цивил регистрирале физичка пресметка меѓу активистите на двете ривалски партии во Шуто Оризари.Од Цивил, опоменуваат на чувствителноста на наредниот период, особено на денот на изборите, потенцирајќи на периодот по затворањето на кутиите.
XS
SM
MD
LG