Достапни линкови

На секоја средба со македонски претседател, разговараме само за името, изјави Обама


Секогаш кога ќе се сретнам со македонскиот претседател, разговараме само за проблемот со името. Тоа ме фрустрира. Ќе разговарам уште еднаш со Папандреу и верувам дека и тој е подготвен за решение. Ова синоќа во Варшава, како што јави МИА, го изјавил американскиот претседател Барак Обама на заедничката вечера со лидерите на земјите од Централна и Источна Европа, по обраќањето на македонскиот претседател Ѓрѓе Иванов, кој ја изразил готовноста на Македонија да се најде копмромис со Грција за спорот со името. Обама додал дека сите земји од регионот имаат свои проблеми, но оти најважно е тие да се решаваат со дијалог. Соединетите Држави ќе продолжат да ги подржуваат овие држави, а за возврат бараат заедничка работа за демократијата и слободата.
XS
SM
MD
LG