Достапни линкови

Лавров го поздрави помирувањето меѓу Палестинците


Сегеј Лавров

Сегеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го поздрави договорот за помирување меѓу двете ривалски палестински движења Фатах и Хамас. Лавров во Москва го нарече договорот „историски“ и додаде дека со него ќе се придонесе кон напредок во мировните преговори на Блискиот Исток. Израел, од друга страна, одбива да преговара со Палестинците доколку Хамас е инволвиран во процесот, бидејки израелските власти ја сметаат организацијата за терористичка група.
XS
SM
MD
LG