Достапни линкови

logo-print

Претседателот Иванов се сретна со Папата Бенедикт Шеснаести


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој ја предводи македонската државно-црковна делегација во Италија, денеска во Ватикан беше примен од поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаести во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“. На аудиенцијата претседателот Иванов на Папата му подарил бронзен релјеф со библиска тема, а тој му возврати со златен медалјон од Понтификатот. Релјефот е тежок 250 килограми, изработен од македонскиот скулптор Маријан Каниловски, а излеан во Фиренца. Според Каниловски, темата е од Новиот завет и е инспирирана од сон на Свети Павле кога му се јавува Македонец и го повикува да дојде во Македонија. На тој начин, појаснува Каниловски, христијанството преку Македонија почнува да се шири во Европа.
XS
SM
MD
LG