Достапни линкови

logo-print

Турција ја потпиша Конвенцијата за борба против домашно насилство


Турскиот министер за надворешни работи и претседател на Комитетот на министри на Советот на Европа Ахмет Давутоглу ја потпиша конвенцијата за борба со насилството и домашното насилство врз жените, пренесоа труските медиуми. Конвенцијата од земјите бара да преземат конкретни мерки во кривичниот кодекс за борба против насилството врз жените и предвидува воведување на бесплатна државна помош за жртвите на насилството. Досега 13 држави го потпишаа документот.
XS
SM
MD
LG