Достапни линкови

logo-print

Поднесени 21 кандидатска листа за пратеници


Борис Кондарко, ДИК

Борис Кондарко, ДИК

До Државната изборна комисија до истекот на рокот пристигнале вкупно 21 кандидатска листа за пратеници за претстојните парламентарни избори. Од нив 20 се кандидатски листи на политичките партии, а една на група избирачи. Најголем број листи има во изборните единици еден и шест. Претседателот на ДИК Борис Кондарко денеска информира и за интересот за гласање на македонските граѓани во странство и притоа изјави оти досега биле пристигнати 7.379 пријави, но дека оваа бројка не била конечна. Најголем број на пријави за гласање, скоро четири ипол илјади се пристигнати во изборната единица седум односно во Европа и Африка.
XS
SM
MD
LG