Достапни линкови

Претседателот на Сирија најави превземање на „важни мерки“


состојбата во Дара, вчера

состојбата во Дара, вчера

Претседателот на Сирија најави превземање на „важни мерки“ со цел да се задоволат потребите на населението, во услови кога во земјата избиваат протести против неговото владеење. Бутанија Шабан, советникот за односи со јавност на Башар Ал Асаад дополни дека „народот ќе учествува во донесувањето на одлуките“. Соопштението следи откако околу 20,000 луѓе се собраа денеска во градот Дара на погребалните церемонии на жртвите од демонстрациите во вторникот. АКтивистите за човекови права ги прозваа безбедносните сили во земјата за убиство на 100 демонстранти во немирите со кои се бара оставка на претседателот, чија партија владее со земјата веќе 40 години.
XS
SM
MD
LG