Достапни линкови

logo-print

Гејтс допатува во Израел, насилството ескалира со нови воздушни напади


Роберт Гејтс

Роберт Гејтс

Американскиот државен секретар за одбрана Роберт Гејтс пристигна во Израел, каде би требало да се сретне со својот колега Ехуд Барак. Посетата се случува откако Изралел почна уште еден воздушен напад во северниот дел на појасот Газа, откако Палестинците лансираа десетици ракети кон југот на земјата. Немирите ескалираа по експлозијата на бомба на автобуска станица во центарот на Ерусалим. Израелските власти ги обвинија палестинските милитанти за нападот во кој загина едно лице а дваесетмина се повредени. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ги повика Израелците и Палестинците на запирање на натамошните насилства, но додаде дека Израел има право да одговори на терористичкиот напад.
XS
SM
MD
LG