Достапни линкови

Напредок во јапонската нуклеарка Фукушима


Обновено е осветлувањето во централната соба на јапонската нуклеарна централа Фукушима чии реактори беа оштетени од земјотресот и цунамито. Претходно на електрична мрежа за прв пат беа поврзани сите шест реактори на нуклеарката. Тоа, како што се наведува, ќе ја забрза работата за обнова на системите за разладување и за стабилизирање на ректорите. Во меѓувреме, е соопштено дека продолжува ширењето на радијацијата. Властите во Токио предупредија дека водата од градскиот водовод не треба да им се дава на мали деца. Расте и бројот на жртвите. Дванаесет дена од катастрофата, тој изнесува над 24 илјади, од кои над девет илјади мртви, а другите се водат за исчезнати.
XS
SM
MD
LG