Достапни линкови

Средба Иванов - Топи, се разговарало за Охридскиот рамковен договор


Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска се сретна со неговиот албански колега Бамир Топи. На средбата се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји, како и за Охридскиот рамковен договор. Двајцата лидери ја нагласиле важноста за имплементирање на договорот. Охридскиот договор е преведен во Уставот, но тоа не значи дека треба да се меша со емоции и етнички искушенија на неколку луѓе, рекол Иванов. Топи Пак, посочил дека македонското малцинство во Албанија ги ужива сите права загарантирани со законот. Македонскиот претседател денеска би требало да се сретне и со други припадници на албанскиот државен врв, како и со претставници на македонското малцинство.
XS
SM
MD
LG