Достапни линкови

Прилеп се подготвува за „Прочка 2011“


Со свечено отворање, вечер во Прилеп почнува тридневниот традиционален 11 -ти Меѓународен карневал „Прочка 2011”. По булеварот и во центарот на градот до попладневните часови денеска, за веселата атмосфера ќе се погрижат бројни жонглери, куклари, кловнови и живи статуи. Пред отворањето, во ресторанот „Мис Стон” ќе се одржи пригоден прием со домашни специјалитети. Добредојде на сите домашни и странски гости ќе им посакаат градоначалникот Марјан Ристески и здружението „Прилепски мечкари”, организатори на карневалот. На отворањето ќе настапат повеќе музички групи, а веселбата под маски ќе продолжи до доцните часови во прилепските ресторани и кафулиња.
Утре напладне е Карневалското дефиле на кое се очекува да учествуваат околу 1.000 лица со вкупно 300 маски
XS
SM
MD
LG