Достапни линкови

Иванов оствари проштална средба со евроамбасадорот Фуере


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска оствари проштална средба со евроамбасадорот Ерван Фуере. Според соопштението на неговиот кабинет Иванов изразил жалење што и покрај остварените критериуми за добивање датум за пристапни преговори со ЕУ, се уште не е реализирана целта на земјата. Иванов му соопштил на Фуере дека државата останува посветена на спроведување на реформите и изнаоѓање на решение за спорот со името со Грција.
Фуере изразил надеж за скорешно отпочнување на преговорите за членство во Унијата, кои ќе резултираат со влез во европското семејство и притоа посочил дека и натаму ќе остане пријател и подржувач на Македонија.
XS
SM
MD
LG