Достапни линкови

СДСМ: не му правиме сценарија на Груевски, нашите барања се легитмни


Macedonia - Protest of SDSM 05 12 2010

Macedonia - Protest of SDSM 05 12 2010

Условите поставени од страна на СДСМ се сосема логични и претставуваат забелешки нотирани и јавно објавени, како од нашите меѓународни партнери така и од внатрешната експертска јавност, се вели во писмената реакција од СДСМ на изјавата на премиерот Груевски во која истакна дека опозицијата има сценарио да не се враќа во Собранието, да не дозволи предвремени избори, а да прави проблеми.
- Дали актуелниот изборен закон е во ред и дали е прочистен избирачкиот список не може и не смее да зависи од мислењето на премиерот и владејачката партија, туку од мислењата на сите релевантни политички чинители кои треба да постигнат консензус за овие прашања, се вели во реакцијата.
Бојкотот на Собранието од страна на опозицијата, посочуваат, станува крајна нужност или единствена логична постапка „ако во една држава братучедот на премиерот е шеф на тајната полиција, во континуитет се блокираат сметки на независни медиуми, се партизира невладиниот сектор, се фамилијализира судството, се организираат контра протести, или со други зборови се гази демократијата и се загрозуваат човековите слободи и права“.
- Во Македонија мора да се исполнат сите предуслови за слободни, фер и демократски предвремени избори кои се единствено решение и кои мора да бидат одраз исклучиво на народната волја, се додава во реакцијата од СДСМ
XS
SM
MD
LG