Достапни линкови

Топали-гардистите и полицајците се херои на Албанија


Судири на демонстрантите и полицијата во Тирана

Судири на демонстрантите и полицијата во Тирана

Претседателката на албанскиот Парламент, Јозефина Топали изјави денеска дека вистински херои на земјата се полицајците и гардистите кои беа повредени на протестите. По посетата на Воената болница во која тие се хоспитализирани Топали додаде дека насилните демонстрации биле исценирано сценарио од Еди Рама за пуч против државата.
Според соопштението на Демократската партија одлуката на Обвинителството за аспење на гардистите е погрешна, зашто тие биле на својата задача и ги заштитувале институциите. Обвинителството вчера издаде налог за апсење на шестмина старешини на гардата, но полицијата одбива да соработува.
XS
SM
MD
LG