Достапни линкови

Поделба на Куманово?


Куманово
Куманово

Градоначалникот Зоран Дамјановски ги отфрла обвинувањата од советникот Халил Куртиши дека повеќе вложува во источниот дел на градот населен со Македонци, наспроти западниот дел од градот каде живеат Албанци.

Од работата на најголемата мултиетничка локална сaмоуправа во државава, дел од граѓаните се задоволни од активностите и реализираните прокети во модернизирање на градот. Дел од нив, пак, сметаат дека нееднакво се развива западниот дел од градот населен со жители претежно од албанскиот етникум, наспроти источниот населен со претежно македонско и население од останатите етникуми.

Халил Куртиши, советник од ДПА во општинскиот
Инфраструктура, училиштата, инвестициите се ставаат на другата страна на градот, а ние ги плаќаме комуналните давачки. Тие наши пари се пренесуваат на другата страна. Полека градот се дели на два дела и тоа со вината на градоначалникот.
Совет, постојано истапува со обвинувања кон градоначалникот, префрлајќи му дека дел од квартовите во кои жиеват Албанци наликуваат на средновековни, дека учениците одржуваат настава во несоодветни услови, а и во културните настани не се вклучени уметници од албанскиот етникум.

„Инфраструктура, училиштата, инвестициите се ставаат на другата страна на градот, а ние ги плаќаме комуналните давачки. Тие наши пари се пренесуваат на другата страна. Полека градот се дели на два дела и тоа со вината на градоначалникот“, реагира Куртиши иако и дел од Македонците, Србите, Турците, Ромите исто така се незадоволни.

Меѓутоа Куртиши вели дека тој повеќе се загрижува за припадниците од неговиот етникум, нагласувајќи дека има обврска кон неговите приврзаници. Незадоволен е и од застапеноста на Албанците во областа на културата.

РСЕ: На Денови на комедијата, Албанскиот театар не се појави бидејќи немал комедија, на плоштадот пееа и пеачи Албанци?

Халил Куртиши, советник во општина Куманово

„Му реков на градоначалникот ако сака да покани Албанци да пеат тоа треба да оди преку нас, ние да одлучиме кои Албанци можат да пеат, или артисти да учествуваат. Не може да дојде некој Албанец кој дома со неговата мајка зборува македонски, или српски, турски, англиски... Ние имаме доста Албанци кои и за малку пари и без пари ќе пеат. А овдека пеат српски пеачи.“

РСЕ: Пред некоја година пееше Туна?

„Не знам, тогаш не сум бил советник, сега сум гласан од народот и имам обврски пред моите гласачи.“

РСЕ: Музиката и културата немаат граници, господине советник?

„Тие не ме интересираат дали се лојални или не на оваа држава. Ич не ми е гајле! Ако сакате да пее Албанец во Куманово дома со мајка му треба да зборува само албански, да знам дека е Албанец, а ако дома со неговата мајка зборува македонски, српски, или турски, тој не е Албанец. Тој е помешан.“

На ова градоначалникот Зоран Дамјановски вели:

„Тоа е негово лично мислење и личен став према локалната самоуправа, поточно спрема институцијата градоначалник. Незадоволен е од неговите преголеми амбиции како еден советник да има доминантност во одлучување во сите области.“

Дамјановски појаснува дека за петгодишно работење станал препознатлив неговиот граѓански концепт во мултиетнички град кој демографски одговара на демографската карта на Македонија, со тоа што српското население е
Затоа од самите партии на Албанците сум добил лично признание за добра меѓуетничка соработка. Се сум правел за подобрување на соживотот, сите концепти до сега биле со голем сенс за мултиетничкото живеење.
застапено во поголем процент од разбриливи причини.

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски

„Затоа од самите партии на Албанците сум добил лично признание за добра меѓуетничка соработка. Се сум правел за подобрување на соживотот, сите концепти до сега биле со голем сенс за мултиетничкото живеење.“

Дамјановски вели дека и во културните програми албанскиот етникум е рамноправно застапен, во инфраструктурата, особено во деловите од градот и селата каде што живеат Албанците.

„Затоа оваа година 50 отсто од капиталните инвестиции се насочени во делови каде е предоминантно албанското население. Гледам градот да се развива рамномерно.“

За нападите од Куртиши, Дамјановски вели:

„Неговите желби во политиката се нереални, ирационални и доведуваат до една тензија, оти начинот на кој сака да ги аплицира ги возбудува чувствата на сите претстатвници од мултиетничкиот совет.“

Дамјановски потсетува дека од пред неколку месеци во Советот е изгласана четиријазичноста, со употреба на српскиот и ромскиот јазик.

„Добра мултиетничка соработка еден поединец сака да ја наруши. Тој сака да дојдат на власт, се служат со национализам. Сметам дека заврши времето добивање политички поени на националистичка основа.“
Гледам дека работи на инфраструструра. Таму каде нема планови не работи.

Дали градоначалникот го дели Куманово на источно и западно, запрашаните граѓани со различни мислења:

„Сто посто!“

„Не!“

„Гледам дека работи на инфраструструра. Таму каде нема планови не работи.“

РСЕ: Мислите дека плански работи?

„Да“

„Само знам дека во Македонија нема подобар градоначалник кој е за сите граѓани на Куманово“, велат граѓаните.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG